РУСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ГО СРАМНИЈА ГРАДОТ БУЧА БУКВАЛНО СО ЗЕМЈАТА И ОД НЕГО НАПРАВИЈА ЕДНА ОГРОМНА И МАСОВНА ГРОБНИЦА КАДЕ НА СЕКОЈА ПЕДА ПО УЛИЦИТЕ ЛЕЖАТ ЕДЕН КУП МРТВИ ЛУЃЕ

0
1118

Украинците оваа недела го ослободија Буча, град во близина на Киев, а на социјалните мрежи се појавија снимки од разурнатиот град.

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко објави видео на Твитер, со кое напиша дека градот е целосно срамнет со земја, пренесува Би-би-си.

– Пред еден месец Буча беше прекрасно, модерно предградие на Киев. Денес се гледаат само амбари бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или срамнети со земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани – напиша Герашченко.

Имаше информации и дека во Буча е пронајдена масовна гробница и дека во неа има околу 300 тела.

Репортерот на АФП јави дека само на една улица биле пронајдени 20 мртви луѓе. Тој рече дека луѓето носеле цивилна облека. На еден маж му биле врзани рацете, а на другите тела имало видливи повреди на главата. Мртвите тела на мажите лежеле на улица. Две тела лежеа покрај велосипеди и едно до автомобил.