НА БИТОЛЧАНЕЦ МУ ЛЕПЕЛО РАЧЕТО,ПА ЗАВРШИЛ ЗАД РЕШЕТКИ

0
467

Денеска (10.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.П.(21) од Битола.

Тој се сомничи дека од куќа во Битола одзел повеќе предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против А.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.