УПОЗ: ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЧАИР

0
496

Во просториите на Општина Чаир денес, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Чаир, со кој се унапредија правата на вработените во локалната самоуправа.

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Чаир, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Сабит Шабани од една страна и Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу од другата страна, го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Чаир.

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор во износ од најмалку 40%, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.