АМБАСАДОРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ООН, ФРЧКОСКИ СЕ ПОТПИША ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ ОТВОРЕНА ВО ПОСТОЈАНА МИСИЈА НА ТУРЦИЈА ПРИ ООН ВО ЊУЈОРК

0
512

Денес, амбасадорот на Постојана Мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски се потпиша во книгата на жалост отворена во Постојана Мисија на Турција при ООН во Њујорк, изразувајќи најдлабоко сочуство и солидарност со пријателскиот турски народ за жртвите во катастрофалните земјотреси. Македонската поддршка не е само декларативна и веќе се покажува на терен и низ цела земја која испраќа помош за настраданите.