ШТО Е ГРЕВОТ НА БУНТУР?

0
79

Лидерот на Македонски Концепт стана познат во јавноста по неговата пркост кон политичките и бизнис елити во земјава, па многумина го препознаваат како „бунтовник без причина“, човек кој ја има само политиката зад себе.

Тој скоро и да не објавува дека има огромни постигнувања во личното образование, човек кој напишал два докторати во меѓународните односи и јавното претприемништво, доктор по економски науки и за кратко ќе биде промовиран за доцент на универзитет од САД.

Богојески има магистирано јавен менаџмент и ПР и специјализирано ПР на Лондонската школа за ПР, а дипломирал на два факултети, правен и филозовски, институт за историја. Исто има огромно неформално образование во многу области, вклучително и седум политички академии на германската Кондрад Аденауер.

Сето ова е за почит, бидејќи социјалното потекло на Петар Богојески е работничко семејство, двајцата родители стечајни работници од 1991 година, а Богојески успева сам да се финансира и да студира на повеќе универзитети.

Работел од 18 години како сезонски работник во Тутунски Комбинат до Државен советник за капитални инвестиции, вклучително и приватен бизнис и инвестиции во меѓународни фондови.

И што има тука за плукање по Бунтур?

Македонски Концепт – Петар Богојески Бунтур