БОМБА НА ВИКТОР КАНЗУРОВ: Според моето мислење, добитната комбинација е да се изучува дека Гоце Делчев во исто време бил регионален и политички Македонец, како и етнички Бугарин!

0
2254

Имено, оспорувајќи му го правото на физички мртвиот Гоце, да биде тоа за што се сметал, Пендаровски практично му се извини на лидерот на опозиционото ДПМНЕ-Ваљево и претендент за иден премиер, војводата Мицко Крстић, кој неодамна побара извинување од шефот на државата, за една негова малку постара и издејствувана од одредени западни партнери на Бугарија изјава, во која, сосе сите релативизации и неточности (за божемна борба на Делчев за самостојна македонска држава), претседателот призна дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Во оваа бугарско-македонска битка за Гоце Делчев, едната страна, а не е тешко да се погоди која, нема што да загуби, за разлика од другата.

А, двете страни можат да добијат. Според моето мислење, добитната комбинација е да се изучува дека Гоце Делчев во исто време бил регионален и политички Македонец, како и етнички Бугарин.

Извор : Мактел.Мк