АЛКАЛОИД ДОНИРАШЕ 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА

0
498

По разорните земјотреси кои се случија во Турција и во Сирија нашите мисли се со луѓето во погодените подрачја од оваа невидена природна катастрофа.

Во овие тешки моменти, како општествено одговорна компанија изразуваме силна солидарност и поддршка со финансиска донација од 3 милиони денари за погодените региони. Средствата ќе се донираат преку Црвениот крст на Македонија.

Во духот на нашата максима Луѓето пред сѐ, да ја покажеме хуманоста на дело!