ДОАЃА ВРЕМЕ ЗА ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ: ГЕРМАНСКАТА ФИРМА ВПД ЌЕ ВЛОЖИ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ИЗГРАДБА НА ПАРК СО ВЕТЕРНИЦИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
780

Германската фирма ВПД планира да изгради парк со ветерници со моќност од 400 MW во Северна Македонија. Тоа би било повеќе од сите други ветерни електрани во земјата заедно (и оние што работат и оние што се во плановите досега). Овие ветерни електрани треба да се градат во месноста Вирови во близината на Куманово.

Германскиот инвеститор поднел барање за стратешки проект за да добие и повластен третман според законот усвоен минатата година. Според изјавата на портпаролот на германската компанија, тие чекаат дополнителни информации од Владата, вклучувајќи јасна и транспарентна рамка за развој и фаза на работа на ветерниот парк, со рокови и обврски за двете страни.

ВПД сѐ уште работи на проектот и рамката за финансирање, но компанијата верува дека неговиот развој и изградба ќе чини околу 500 милиони евра. Според плановите проектот Вирови треба да оди во три фази: во 2025, 2026 и 2027 година.