МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НЕ СЕ НА МАСА ЗА ПРЕГОВОРИ, ОСМАНИ: ВРЗ ОСНОВА НА ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ДИНАМИКАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

0
798

“Подготвени сме на искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со соседот Бугарија, но не по секоја цена и не на штета на државните интереси” – изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на седницата на Комисијата за надворешна политика.

Процесот е сложен и поради немањето политичка влада во Бугарија не сака да ги подига очекувањата на граѓаните.

“Важно е да се нагласат следните факти и состојби. Прво, идентитетските прашања како што се македонскиот јазик, македонската етничка посебност, Македонците, не се и не може да бидат на масата на преговори. Второ, сметаме дека предлогот на португалското претседателство претставува добра основа за преговори. Трето, настојуваме да се одржи втората меѓувладина седница меѓу двете држави од која треба да излезе соодветен протокол, од него и акциски план, кој што треба да премине во патоказ. Четврто, комуникацијата се остварува на различни нивоа со цел да се засили целокупниот билатерален дијалог. Петто, целта е заедничка, одржување на првата меѓувладина конференција и формално започнување на пристапните преговори со ЕУ” – подвлече министерот Османи на македонски јазик.