ТРИЧКО : ЧОК СЕНИ СЕВЕРЏАН!

0
757
Значи, ако вмро-дпмне дојде на власт бројот на северџаните ќе се зголеми за 300.000 души. Можеби и за повеќе. На нас старите Северџани ќе ни биде мило ем драго да го зголемиме своето стадо. Понеже нема да има враќање на Само Македонија.
Со други зборови нема повеќе да има Македонци.

Онлу Сверџан.
Чок сени Северџанс…
Хахаха!
Тоа ќе биде новата химна.
Нема да има ниту предавници.

Фала богу, мислев дека ќе ме стрелаат. Односно дека ќе ме ебат пред да ме стрелаат.
Сега постои можност вмро да ми крене споменик. Мислам дека решението е донесено само се бара соодветен коњ. Кој може да биде и двоножен. Воин на ушка. И посебен вморон за да ебнам нешто пред да му се качам на коњот.

Хахаха!
Што друго.

Бугарите ќе влезат во уставот, нормално, а вие ќе појдете да им посакате добредојде со битолски локум, кафе и четка за кондури, со можност кондурите да им ги зачистите и со ракав од палтото.

И да ги прашате да не сакаат уште нешто.

Пред тие да ве прашаат вас.

Во Њивице ќе се отвори голф клуб кој ќе се вика Ципрас-Заев. Со 18 дупки и една јама. Во која ќе бидат закопани сите вморонски говна.
Во преговарачката рамка ќе биде поместен вилеровиот гоблен “Коњи на поилу”.
Окупацијата за кој јас ви викав дека е присуство ќе биде прогласана за ослободителна операција.

И антифашистичка, макар ви финалето.

Зборев со Хер Флик, така ќе биде понеже така било, ми рече Тутанкамен, излезен на мочање од пирамидата на Миленко.

Ваташа ќе може да се пее само во затворени простори не поголеми од 8 кубици.
Бугарија ќе се откаже од репарациите за штетите што ги претрпела со бесправното користње на нејзината територија и народ за изградба на македонската нација и на Македонија како држава од бугарска супстанца.

Аристократична.

Гоцета нема да им го враќаме бидејки тие ќе дојдат тука.
Самоил потпиша за Лудогорец.

Универзитетот ќе биде народен универзитет, секој да може да добие диплома и докторат, доста беа елитистичките измами на комунистите, за тоа ќе биде доволен еден шалтер, се друго треба да се ангажира во производството на ефтина храна, кокошарници или краварски фарми, да има народот што да јаде, тоа е битно, среде Скопје, со намалени транспортни трошоци и зголемено произодство порди позитивното влијание на пием честичките на бугарскиот мандарин Мин Чо.

Ете, другарки и другари, браќа и сестри, така стојат работите, односно такви ќе бидат.

Лепота.

Малку глупичка, ама лепота.
Не се гледа колку е лепа.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.