(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН : Заробени луѓе во облакодер, ЗГРАДАТА МОЖЕ ДА СЕ УРНЕ

0
2444

Најмалку 30 лица се повредени во пожарот, што избувна во 27-катната станбена зграда во западен Лондон, а над 200 пожарникари и натаму го гаснат пожарот во 27 катната зграда Гренвел тауер, во која се уште има заробени луѓе, јавуваат медиумите.

Спасувачките екипи продолжуваат да ги извлекуваат станарите од зградата со 120 станови која постои можност и да се урне. Од облакодерот и понатаму чади дим на сите страни.

Медиумите известуваат дека се уште не е позната причината за пожарот, но се знае дека пожарот избувнал на вториот кат и за само 20 минути стигнал до врвот на облакодерот.

Се сомнева дека причината може да се градежни материјали кои се користат за реновирање на зградата, кое траеше две години и неодамна заврши.