Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција на Миле Талевски

0
1053

Во врска со денешната пресконференција, објавена на фејсбук страната Сектор комуникации Прилеп, одржана од страна на претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски, ве известуваме дека во истата беспредметно и тенденциозно се споменуваат имињата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески и поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески.

Не постојат никакви релации за објаснување во врска со вчерашниот настан.

Воедно, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, го повикуваме Миле Талевски да се извини за изнесените клевети и јавно да ја повлече дадената изјава. Бараме извинувањето и повлекувањето на изјавата, да бидат направени на исто место и на ист начин согласно законот, во спротивно ќе следи тужба за клевета.