ТРИЧКО : СКОТОВИ

0
1311
Каква е разликата меѓу нивната желба да умре неродениот Клинички центар и мојата желба да умрат тие?

Нивната желба е злосторничка, смртоносна, а мојата е хуманитарна интервенција во царството на злото.

И уште едно прашање:Колку болен треба да е човек за да мисли дека со блокадата на Клинички го урива Заев, а не себе или своите деца, своите родители?

И затоа мојата интервенција е хуманитарна и спрема нив: подобро е да се мртви отколку да им треба Клиничкиот центар што не дозволиле да биде изграден.
Пред малку напишав: Да решавале скотовите за изградбата на Инфективната клиника, денеска на велескотот ќе му изнесувавме четириесет дена.

Морам и во оваа прилика да ја парафразирам Аријане Шависи од Лондон ривју оф букс: да му се посака смрт на скотот не е исто што и да се заканувате со смрт. Желбите не можат да влијаат врз текот на болеста. Не е тоа ниту чин на омраза, таков каков што се заканите упатени кон сите нас со блокада на изградбата на објектот за спас на сите нас.

Нивните амандмани се убиство со предумисла.

Тоа не е политика, тоа е злосторство.

Скотовите не се опозиција, скотовите се скотови.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.