Еден од најголемите оптимисти за време Ковид 19 пандемијата во земјава, Софијанова: Оваа година ќе го победиме корона вирусот!

0
957

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за предизвиците со кои земјава ќе се соочи за надминување на проблемот со корона вирусот.

Таа упати апел до сите граѓани, да бидат одговорни, за во оваа година повторно да ја почувствуваме нормалата на стариот живот.

„Сметам дека оваа година ќе го победиме корона вирусот. Верувам дека умот ќе надвладее и ќе успее да ја надминеме оваа ситуација. Оваа година да го победиме овој проблем и да бидеме одговорни“, истакна Софијанова.