Во контејнери во Крива Паланка пронајдени лични карти?!

0
1282

kp licni ka

Во контејнери за собирање на смет, поставени до зградата на општина Крива Паланка и седиштето на Општинската изборна комисија, денеска собирачи на стари работи и предмети пронашле доверливи материјали меѓу кои се претпоставува дека имало и лични карти, објави Доказ мк.

Собирачите на старите работи откако виделе дека се лични карти пријавиле во полиција.

Инспектор по стопански криминал и лица од крим техника извршиле  увид на местото, а  документите ги ставиле во две кутии и ги пренеле во полиција.