ТРЕНЧЕВСКА : СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ, ОД ДЕКЕМВРИ ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

0
714
Претседателката на форумот на жени на СДСМ и министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска во разговор за „Слободен печат“ истакна дека СДСМ се грижи за сите граѓани, особено за повозрасните, со постојано покачување на пензиите, а од декември следува финансиска поддршка за пензионерите.
-Методологијата за усогласување на пензиите два пати годишно дава резултат, пензиите од јануари 2022 година, за 1,5 година се зголемени за 25%. Два пати во годината, во март и септември имаме усогласување на пензијата согласно трошоците за живот, како што расте инфлацијата така се зголемуваат и пензиите и согласно порастот на просечната плата, а таа гледаме дека постојано расте, нагласи Тренчевска
Трнчевска истакна во 2017 година кога СДСМ дојде на власт дефицитот во пензискиот фонд бил 47%, а сега е намален на 33% и најави финансиска поддршка за најранливата категорија на пензионери.
Сега во декември ќе започне исплатата на финансиска поддршка, која ќе биде одлична за пензионерите. Многу скоро Владата ќе ја донесе одлуката за новиот пакет на атникризни мерки, во кој ќе бидат опфатени и пензионерите, за да можеме заедно да ги пребродиме и зимскиот период која парите се најпотребни, истакна Тренчевска.
Таа нагласи дека ссвен со покачување на пензиите и финансиска поддршка, Владата предводена од СДСМ е посветен на грижата за старите лица во делот и на капиталните инвестиции, односно градење на старски, општински домови така и во делот на услугите.
Имаме пет домови во моментов. Еден се гради и верувам дека 2024 година ќе биде отворен во Пробиштип. Имаме еден во најава, се спрема документација од страна на општина Кавадарци, рече Тренчевска.
Тренчевска додаде дека во грижата за повозрасните сограѓани, новина се услуги за старите лица што живеат сами.
Со новиот систем на социјална заштита за прв пат е воведна услуга за нега и помош во домот и за лична асистенција. Државата извојува средства  во 44 општини за систем за помош и нега во домот за повзрасните, нагласи претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.
Тренчевска појасни дека во моментот најниската пензија е зголемена од времето на ДПМНЕ и изнесува 13.200 денари, но додаде деја се работи за граѓани кои што работеле само 15 години, затоа што 90% од луѓето кои земаат најниска пензија имаат 15 години стаж.
Со првото решение кое им е за пензионрање, износот на пензијата им е 4, 5, 8 илајди, но затоа што сме одредиле најниска граница на пензија државата ги субвенционира овие граѓани до оваа сума која денес е 13.200 денари. Не е правото остварено на овој износ, туку на многу понизок, истакна Тренчевска, додавајќи дека пензискиот систем мора да се одржува во стабилност за сегашните 336.000 пензионери, како и за идните пензионери.