Филипче: Наша цел е да се избегнат рестрикции – во тек се анализи за евентуално воведување нови мерки

0
867

Почитувани,

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека во тек се анализи за воведување евентуално на нови мерки, за спречување на понатамошното ширење на вирусот.

„Наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот. Целта е да избегнат евентуални рестрикции на движењето или мерки коишто повторно би ја закочиле економијата и целосно би не затвориле во нашите домови, но доколку тоа биде нужно, тоа секако дека ќе го направиме. Дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено односно во однос на бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, истакна министерот Филипче.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста.

Министерство за здравство