ТРЕНЧЕВСКА ОД ТРИБИНАТА ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ ВО ВАЛАНДОВО : ДО 15.000 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ВО НАРЕДНИТЕ 5 МЕСЕЦИ

0
293

Грижата за нашите повозрасни сограѓани, пензионерите СДСМ ја покажа во изминатите години преку системски мерки и политики за зголемување на пензиите а обезбедивме и мерки за финансиска поддршка. Со последниот пакет антикризни мерки поддршка добиваат 187.000 пензии со пониски пензии, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на трибината Повеќе за сите во Валандово.

-Го штитиме животниот стандард на пензионерите во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка. За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат вкупно 10.000 денари за период од 5 месеци, рече Тренчевска.

СДСМ веќе ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од времето на ДПМНЕ, само последната година ги зголемивме за 25%, додаде Тренчевска.

Со СДСМ за сите има повеќе за пензионерите и пензиите ќе продолжат да растат и во иднина.