КОСТАДИНОВ ОД ТРИБИНАТА ВО ВАЛАНДОВО : ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ Е И НОВИОТ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ВРЕДЕН 662 МИЛИОНИ ЕВРА

0
220

Новиот, 9-ти пакет антикризни мерки е дел од политиките на СДСМ, се грижиме за сите и обезбедуваме поддршка кога е најпотребна, во услови на продолжени ефекти од енергетската криза, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов вечерва на трибина Повеќе за сите во Валандово.

-Пакетот антикризни мерки е вреден 662 милиони евра, но суштината е во тоа што мерките се наменети за оние на кои им е најпотребен во овој момент. СДСМ се грижи за сите, тоа е наша социјалдемократска вредност, затоа финансиски ги поддржуваме младите, учениците, студентите, пензионерите, ранливите, рече Костадинов.
За ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари обезбедивме финансиска поддршка со којашто се опфатени 120.000 млади, ученици и студенти, додаде тој.

-Повеќе за сите е поддршката за зголемување на ученичкиот стандард од ранливи семејства, грижата за нив и за нивната социјална сигурност. Со новиот пакет, по 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци добиваат учениците од средно училиште или вкупно тоа се 10.800 денари по ученик. Учениците од основното образование, добиваат по 1.200 денари месечно до крајот на школската година или вкупно тоа се 7.200 денари. Ранливите граѓани, корисниците на надомест заради попреченост, самохраните родители, добиваат исто така финансиска поддршка, рече Костадинов.

Повеќе за сите е и нашата визија за европска иднина, затоа што членството во ЕУ носи поголеми плати и пензии, инвестиции, перспективи за младите, подобро образование, повеќе пари за земјоделците, отворени пазари на Унијата и многу други придобивки.

-Пред се заради идните наши млади генерации но и заради сегашните имаме обврска да ја реализираме стратешката цел за членство во ЕУ. Членство во ЕУ е можно само со СДСМ и тоа граѓаните ќе го вреднуваат на претседателските и парламентарните избори, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на трибината Повеќе за сите во Валандово.