ХОРОР ВО ДЕТСКАТА БОЛНИЦА ВО КОЗЛЕ : МЕНАЏЕР ПРЕТЕПАЛ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НА РАБОТНО МЕСТО?!

0
2479

Новинарот Зоран Божиновски открива физичко насилство против вработена во Детската болница Козле од страна на менаџер.

Како резултат на насилството и психичкиот притисок вработената медицинска сестра сега е згрижена во Психијатриската болница Бардовци, тврди новинарот.

,,… менаџерот научил поголема група верници за време на ифтар да вечераат овде кај нас во детската болница КОЗЛЕ, иако тие луѓе немаат никаква допирна точка со болницата. Медицинската сестра критичната вечер била на смена и не ги пуштала да влезат да вечераат, па некој му јавил на менаџерот. Тој дошол бесен од дома и од врата ја фатил за коса и почнал да ја влече, немало кој да го спречи оти во болницата нема обезбедување. Има чувари ама скриени со по оддели, ноќе преспиваат повеќе одошто чуваат. Менаџерот ја одвлекол сестрата до сестринската соба, ја заклучил и ја тепал. Никој не и помогнал од присутните, само го слушале неговото викање и пцуење и нејзиното врискање. На смена таа ноќ со неа била колешка чиј сопруг е полицаец во ПС Карпош, го повикала. Кога дошол и насилно ја отворил сестринската соба Милица била модра од ќотек, собата демолирана, телевизорот искршен на парампарче…”, пренесува Божиновски допис од вработен во болницата кој објаснува што се случило на критичната вечер.

Иако од инцидентот се поминати повеќе од три месеци досега јавноста не е запознаена дека се поднесени соодветни пријави за инцидентот.