ТРЕНЧЕВСКА : ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕ ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ ЗА ЕДНО ОПШТЕСТВО

0
413

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Министерката Тренчевска ја истакна важноста и приоритетот на Владата и Министерството за труд и социјална политика кога станува збор унапредувањето на детската заштита.