НИКОЛОСКИ : ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПРИФАЌА, ТОЈ ФИЛМ НЕМА ДА ГО ГЛЕДААТ

0
359

„Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот.

Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Николоски продолжи и додаде дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.

„Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои денес ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Николоски.

Тој упати повик до граѓаните масовно да излезат на избори и во што поголем број да гласаат.

„Во исто време ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова“, дециден е Николоски.