ВЛАСТА ГИ НАГРАДУВА ХЕРОИТЕ И ЖРТВИТЕ : ТОМЧЕ КЕЖАРОВСКИ СТАНА СОВЕТНИК ЗА МЕДИУМИ НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

0
775

Томислав Кежаровски e македoнски новинар поранешен вработен во Нова Македонија. Тој од страна на сваровски судството на Груевски и Мијалков беше неправедно осуден на 4 и пол годишна затворска казна за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок. На ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, медиуми, медиумски работници како и  ОБСЕ.

Томислав Кежаровски  неправедно се товареше околу новинарски текст од 2008 година кој наводно го открил идентитетот на заштитен сведок во случајот „Ореше“, судски процес за убиство на велешанецот Лазо Милошевски.

Иако неговите колеги тврдеа дека нема кривично дело, затоа што сведокот воопшто не бил заштитен во моментот кога е објавен текстот сведокот подоцна изјавил дека од полициски структури бил принуден лажно да сведочи со што Томислав Кежаровски беше неправедно осуден и обвинет.

Денес тој е советник за медиуми на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Томислав не се наоѓа на таа позиција со цел да се исправи неговата неправда околу неговата нефер пресуда и обвинение во време на Сваровски судството туку неговата позиција се темели на неговиот врвен професионализам во новинарската фела. Уште еднаш владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека знае да ги награди хероите и жртвите на груевизмот кои гинеа за правда и слободарска Македонија.