Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

Опозициската артилерија повторно се активира: СДСМ ќе продолжи со „бомбите“!

СДСМ повторно ќе ги активира „бомбите“. Откако преговорите во Брисел за решавање на политичката криза во земјава пропаднаа, за партијата неважечки е и договорот кој беше постигнат на 2 јуни во Скопје. Односно, ќе се укине мораториумот за објавување на прислушуваните материјали за можните криминални дејства на власта.

sdsm12

Извори од СДСМ за Алсат М велат дека неважечки ќе бидат и другите точки вклучени во документот од 2 јуни, со кои СДСМ се обврзуваше да се врати во Собранието, поточно обврските од точка шест од договорот или за текот на транзицискиот период.

„СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана за скандалот со прислушувањето. Комисиите за откривање и интервенција во комуникациите исто така ќе се раководат од страна на СДСМ и ќе почнат со работа испитувајќи ги неуспесите во надзорот и функционирањето на државната разузнавачка служба. Првиот извештај на овие комисии ќе биде изготвен во ноември 2015 година“, стои во документот потпишан на 2 јуни од четворицата лидери со посредништво на европскиот комесар, Јоханес Хан.

Од СДСМ истакнаа дека се подготвени да седнат на преговарачка маса, повторно со цел надминување на политичката криза. Инаку, СДСМ денска одржа координативни средби со невладиниот сектор и со коалиционите партнери за дефинирање на понатамошните чекори. На состанокот била дадена силна поддршка на Зоран Заев и на принципиелните позиции и ставови со коишто настапува во разговорите, барајќи начин за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Република Македонија.

Исто така, како што велат од СДСМ, преодна Влада во којашто нема да учествува Никола Груевски е основен принцип за да може да се гарантираат минимални услови за организирање на фер и демократски избори во Република Македонија. Само на тој начин ќе може да се стабилизираат институциите, да се нормализираат состојбите и да се вратат механизмите на контрола во општеството за конечно граѓаните слободно да ја искажат својата волја на демократски избори, заклучиле на состанокот каде присуствувале СДСМ, коалиционите партнери и невладините организации.

 

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ