ТРАМП ПРВ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ПРЕД ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА НОМИНАЦИЈА

0
180

Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп го зацврсти своето водство во Њу Хемпшир пред внатрепартиски избор за претседателска номинација. Ники Хејли е на второто место, додека Рон ДеСантис е трет, според анкетата на Универзитет Сафолк/Ен-Би-Си10 Бостон/Бостон Глоуб.

Резултатите од анкетата, објавени денеска се – Трамп има поддршка од 50%, Хејли 34% и ДеСантис само 5%. Други 3% би избрале некој друг, 6% се неопределени, а 2% одбиле да одговорат. Истражувањето на 500 веројатни републикански прелиминарни гласачи беше спроведено на 15 и 16 јануари. Маргината на грешка е 4,4%. Нови анкети за следење ќе се објавуваат секој ден пред прелиминарните избори на 23 јануари.