ЦРНА ХРОНИКА : Двајца загинати и двајца повредени во сообраќајка кај Прилеп

0
1602

Денеска околу 11 часот на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од М.В. (46), патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од М.М. (69) од село Лажани и товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово.

Во несреќата на самото место починале З.В. (66), сопатничка во возилото „ладата“ како и возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М.

Во несреќата со повреди се здобиле и возачот на „ладата“ М.В. како и сопатничката во истото возило Л.В. (44) коишто се пренесени во болницата во Прилеп каде што ќе се утврди карактерот на повредите. Увидот е во тек а сообраќајот на таа делница е во прекин.

Извор : Судство.Мк