Го молам промотерот на Влатко Ѓорчев, г-динот Антонио Милошоски, да не’ извести какво образование има “кандидатов”, со какви оценки завршил, колку долго студирал и зошто од Правен факултет се префрлил на Политички науки, а студирањето во Скопје го заменил со она во Штип?
И каков реален контакт со животот на обичниот Македонец му има “кандидатов”, кога прво и единствено вработување му е пратеник?!
И крајно, како и зошто потпросечен вечен студент му е фаворит во однос на доктори на науки со десетици издаде и книги од типот на Каракамишева или Климовски?
Или едноставно, кои се критериумите на Милошоски?
Кога ќе споредат габарити како Тања Каракамишева, Саво Климовски, Горазд Росоклија, Игор Јанев, Мирка Велиновска, Игор Дурловски (звања, книги, трудови, анализи, народна доверба…) со вечити студент и вечити трут во собраниски клупи како Ѓорчев – лелеееее!!!
Зарем ВМРО ДПМНЕ ќе дозволи кандидатот за претседателската трка да им е кадар по ќеф на Бранко Геровски?
Е уште тоа да го доживееме, ВНРО ДПМНЕ и Гериз да се истомисленици!!!!