ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ПОМОШНИК – МИНИСТЕР ВО МВР ПОРАДИ ПРОПУСТИ ВО ИСПОРАКАТА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

0
122

Имињата на двајцата помошници министри во МВР, Тошковски не ги објави јавно, но рече дека иако внатрешната контрола утврдила вина и кај двајцата, за едниот веќе е истечен рокот да се поднесе дисциплинска постапка.

„Овие пропусти се точно утврдени од аспект на вина, говорам за дисциплинска постапка дека се сторени од страна на двајца помошници министри во Министерствто за внатрешни работи. Во рамки на извештајот е предложено да се отпочне и е отпочната дициплинска постапка за еден помошник министер во рамки на министерството за пропустите кои истиот ги има сторено во рамки на неговото работење“,вели Тошковски.

Според него, анализата покажала дека постоеле објективни причини зошто МВР не почнало со издавање на документите во 2019 година, туку во јуки 2021 година, но како што вели утврдува пропуст во процесот на планирање.Од Обвинителството велат дека извештајот е примен во ОЈО Скопје и дека е приклучен кон предметот по кој веќе постапува оваа институција во врска со издавањето на личните документи.

Дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев за Канал 5 изјавил дека анализата за која зборува Тошковски не била целосно изготвена, а извештајот не бил валиден зашто на него немало потпис од двајцата помошници во одделот за внатрешна контрола.Според анализа на Призма, од септември 2023 година до 15 март годинава граѓаните дале вкупно 13 милиони евра за пасоши по итна постапка.