БЕСА: Во Македонија нема услови за фер, слободни и демократски избори

0
1228

„Сметам дека во Македонија нема услови за фер, слободни и демократски избори, сепак конечната одлука дали Движењето БЕСА ќе учествува на изборите на 5 Јуни ако Собранието вечерва ќе се распушти, ќе одлучи Централноот Совет на Движењето БЕСА. За нас, како Движење БЕСА најзначајно е исполнувањето на предусловите за фер изборен процес. Како претседател на Движењето БЕСА сметам дека нема да учествуваме во избори во кои се легитимираат манипулацијата при што повторно ќе се изберат криминалци и повторно ќе се прегази демократската волја на граѓаните на Македонија“, стои во изјавата на Касами од БЕСА.