Затворени два оддели и хируршка сала во болницата „8 септември“, нема доволно медицински сестри

0
1265

Во градската општа болница „8 септември“ од денес се затворени болничките оддели за пулмологија и ендокринологија и една хируршка сала за општа и дигестивна хирургија. Редуцирањето на работата во „8-ми септемри“, како што пренесува СДК, се прави поради недостиг од медицински сестри.

Од болницата објаснуваат дека пулмолошката и ендокринолошката амбуланта ќе работат најнормално, но дека нема да хоспитализираат пациенти. Итните случаи и пациенти со акутни проблеми ќе ги примаат на инфективното одделение, но и таму капацитетот на кревети е ограничен.

Досега во ГОБ „8 септември“ работеа шест хируршки сали, а од денес се става клуч на една хируршка сала за општа и дигестивна хирургија.

„Поради недостиг од медицински сестри принудени сме да ја затвориме и хируршката сала и да го намалиме капацитетот на дигестивното одделение, каде досега можеше да се хоспитализираат 64 пациенти, а отсега 32. Сегашниот средно медицински кадар едвај успева да ги опслужи сите пациенти и сите потреби, и во ситауација сме да не можат да земат годишен одмор, бидејќи нема кој да ги замени“, објаснуваат од ГОБ „8 септември“.

Целиот текст ОВДЕ