ТЕМЕЛКОВСКИ, КИСЕЛА ВОДА: Градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во селото Усје забрзано се одвиваат

0
886

Градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во селото Усје забрзано се одвиваат.

Досега од почетокот на изградбата завршени се 180 метри, на канализационата мрежа која ја градиме на седум крака, со вкупна должина од 2986 метри.

Фекалниот систем го градиме со поставување на профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот. Конечно после долги години проблеми поради немањето на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе обезбедиме за околу 1500 жители.

Средства за изградба на канализацијата која ќе се одвива во следните осум месеци ги обезбеди Општина Кисела Вода.

➡️Го исполнуваме ветеното⬅️
#зборотезбор #секојебитен