ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: СТИГНАА ПОПЛАКИ ОД ПАЦИЕНТИ – ОД СЛЕДНИОТ ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ИМА ТЕРМИНИ ЗА СИТЕ ПРЕГЛЕДИ

0
1126

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека веќе од следниот понеделник ќе има доволно термини за сите испитувања и прегледи кои им се потребни на пациентите.

Филипче на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање посочи дека денеска сите служби работат на разговори со директорите на институциите каде што се закажуваат термините, со цел да се ослободат или повеќе места или да се прочисти списокот од пациенти кои држат закажани термини.

– Стигнаа осум поплаки од пациенти и некои укажувања од матичните лекари, така што денеска сите служби работат на разговори со директори на сите институции каде што се закажуваат термините, со цел да се ослободат или да се прочисти списокот од пациенти кои држат закажани термини, а во меѓувреме со приоритетните упати го направиле испитувањето или снимањето. Тоа се двата механизми кои навистина го оптоваруваат системот, верувам дека веќе од следниот понеделник, уште утре по овој сегашен систем ќе има доволно термини за сите овие испитувања, рече Филипче.