(ВИДЕО) НИКОЛА ДИМИТРОВ РАСПАЛИ ПО ВМРОВЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ : Наместо да се борите за македонскиот идентитет користејќи ги вредностите од овој век – правото на самоопределување – вие битката ја вративте пред 2000 години, на теренот на антиката

0
1393

“Фатете го крадецот”

Наместо да се борите за македонскиот идентитет користејќи ги вредностите од овој век – правото на самоопределување – вие битката ја вративте пред 2000 години, на теренот на антиката. Немате одговор на прашањето како е можно најголемите “патриоти” да инвестираа години и пари во процеси кои директно го проблематизираат македонскиот идентитет? Не само надвор, ослабувајќи ни ја позицијата; туку тука кај нас, дома, внесувајќи конфузија и поделеност. На вашата планета, каде за првпат македонскиот идентитет го “градите” во 2010, без да го прашате народот дали се согласува, таму се комплексите. Немојте да вртите тези. Немојте да глумите дека не сте ме разбрале. Немојте како по обичај да се криете зад истиот народ што вие го пониживте. Зад тој истиот со кого се плашевте да се соочите на референдумот, па решивте да избегате/бојкотирате. Вие должите одговори за овие опасни процеси. И тие одговори ќе мора да ги дадете пред јавноста колку и да се обидувате да ги избегнете преку дефокусирање, замена на тези, манипулации, интерпелации …