ТЕЛМА : ЕДНАШ ДИРЕКТОР, КАКО ЦЕЛ ЖИВОТ ДИРЕКТОР – ЗЕМАЛ ОТПРЕМНИНА ОД МЕПСО, ЗАМИНАЛ, ПА ПОВТОРНО ГО НАЗНАЧИЛЕ

0
911

Бил директор, го разрешиле, добил отпремина и сега пак директорува во преносниот систем. Извори за Телма велат дека Томи Божиновски бил директор на ИТ секторот во МЕПСО. Го разрешиле и му била исплатена отпремнина. Но, бил објавен и конкурс со кој тој се вработува на друга позиција во МЕПСО. Според информациите во меѓувреме, тој работи во „Марнет“. Но, извори за Телма велат дека Божиновски од вчера повторно се враќа во фотелјата- директор на ИТ сектор во МЕПСО.

Зошто и кој го вратил Божиновски да биде директор на тоа место, со оглед на тоа што претходно добил отпремнина, од МЕПСО велат дека според законот за трговски друштва именување и разрешување на членови на Управен одбор е во надлежност на надзорниот одбор. Колку изнесувала отпремнината, конкретно од компанијата не одговорија. Потенцираа дека сумата која се дава во случај на раскинување на менаџерски договор пред истекот на важење е дефиниран со договорот за уредување на односите меѓу друштвото и член на Управниот обор. Дали на Божиновски му било замрзнато работното место во МЕПСО додека бил во „Марнет“, од МЕПСО велат – согласно законот на работникот кој е избран или именуван на државна или јавна фунцкија, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот му мирува работниот однос се до завршување на јавната функција.

Но, колку е во ред лице кое добило отпремнина по разрешување од директорско место, потоа да се врати на истата позиција, познавачите децидни- функционирањето на акционерските друштва во државна сопственост мора да се промени. Велат тие вршат јавни услуги, а ги уживаат придобивките кои ги имаат приватните фирми.По осамостојувањето, во земјава фунцкионираат 14 акционерски друштва кои се во државна сопственот.

Пред извесно време и државниот ревизор констатираа дека раководителите во компанијата, директори и членови на Управни и надзорни одбори имале менаџерски договори за да земаат отпремнини во висина од 12 месечни плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Според тогашниот извештај, двајца членови на Управни одбори ја тужеле МЕПСО во 2021 година и добиле како отштета над 37.000 евра.