СРЕДБА ТРЕНЧЕВСКА – СЕЛАКОВИЌ : ПРЕКУ РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ГИ УНАПРЕДУВАМЕ СИСТЕМИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА, ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

0
550


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска официјалната посета на Република Србија ја започна со билатерална средба со министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Никола Селаковиќ.По средбата министерката Тренчевска во изјава за медиуми ја потврди заложбата на двете земји за унапредување на системите за социјална заштита како клучни кои обезбедуваат заштита и поддршка на граѓаните во двете земји.

Таа се осврна на социјалната реформа започната во 2019 година која ја наметна потребата за развој на ново софтверско решение кое ќе овозможи полесен пристап до правата и услугите.„Размената на искуства, учењето од позитивните примери за развој на дигитален систем за остварување на правата од социјална заштита се клучни за продлабочување на нашата идна соработка,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека, системот кој периодов интензивно се развива во Република Северна Македонија, дигитализацијата која како предизвик претстои, посебно во доближување на услугите до сите граѓани се алатки кои гарантираат унапредување на квалитетот на животот и поддршка на ранливите категории на граѓани. Како и дека на овој начин се овозможува полесна интеграција во општеството и можност за сите граѓани.

Министерката посочи дека токму заедничките акции и чекорите кои се преземаат како земји на патот кон Европската интеграција проткаени се и во иницијативата Отворен Балкан.Преку регионалната иницијатива Отворен Балкан, државите се поврзуваат со цел развој на нивните економии, се постигнува заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и неговиот долгорочен развој придонесува за подобар живот за сите граѓани. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Од страна на Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Селаковиќ, беше иницирано потпишување на Меморандум за соработка во областа на вработување и социјална заштита помеѓу двете министерства.Двајцата министри ја потенцираа важноста за соработката и нејзиното продлабочување во иднина, од која ќе произлезат директни придобивки за граѓаните на двете држави.
Од страна на Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања беше организирана и презентација на новиот софтвер -Систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), кој што е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот – Социјална карта.

Целта на креирањето на Социјална карта е се придонесе за поправедно остварување на социјалните права на граѓаните врз основа на нивниот социјален и економски статус, зголемување на ефикасноста во областа на социјалната заштита.Ваквиот начин на функционирање ќе им овозможи на граѓаните побрзо и полесно остварување на правата, но и спречување од потенцијална злоупотреба на системот.
Размената на искуства помеѓу двете пријателски држави ќе придонесе за унапредување на системите за социјална заштита.