Вангеловски кој долго е дел од СУДСКОТО ДУВЛО НА РЕЖИМОТ призна какво е судството во Македонија, ете затоа ќе има промени!

0
1105

Соопштение за јавност

Ќе има не само заздравување, туку целосно независно судство што ќе обезбеди правда за сите граѓани на Македонија и тоа ќе го осигура новата реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски кој со години е дел од инсталациите во сваровски судството на фамилијата и кој, како што можеа да слушнат граѓаните од Вистината за Македонија, договарал со власта на Груевски судски пресуди, добро што признава дека на судството му треба заздравување.

Но за тоа се потребни промени и ќе има промени, затоа што така избраа мнозинството граѓани на Македонија. Македонија ќе добие реформирано и независно судство кое што ќе одлучува според професионални стандарди, а не како досега, по нарачки на партиски штабови.