СПАСОВСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 42 ГОДИНИ ОД САЕ ТИГАР : КОГА ЗБОРУВМЕ ЗА ЕЛИТНА ЕДИНИЦА ЗБОРУВАМЕ ЗА САЕ ТИГАР

0
519

Денеска, (13.03.2023), во Касарна Илинден Скопје се оддржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица- „ТИГАР“ и 42 години од постоењето на Единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во рамките на МВР. 

Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ-,,ТИГАР“ беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на загинатите припадници на Единицата, како и од делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина предводена од министер за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ.
„Денес сите ние со гордост стоиме пред вас. Безбедноста на граѓаните ни е најважна, но како Влада подеднакво ни е важна и вашата безбедност почитувани припадници на специјалната антитерористичка единица Тигар.

Наша задача како Влада е да ви ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Она со што се гордееме е дека САЕ Тигар со својата врвна стручност и професионално извршување на задачите не се разликува од европските полиции, тоа досега во повеќе наврати го имаат докажано и покажано. За вас не постои горна граница на постигнувања бидејќи секогаш се стремите да бидете подобри и јас ви честитам за тоа”, рече премиерот Ковачевски во своето обраќање.