ТВИТЕР АНКЕТА : 89% ВЕЛАТ МВР ДЕНЕС ДОБРО ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА

0
549

По повод одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев степенот на безбедноста беше подигнат на највисоко ниво заради разгорените тензии од страна на радикални групи. Доминантна е атмосферата дека МВР беше светлата точка во целата организација и ја заврши работата чествувањето да помине во најдобар можен ред. Твитер заедницата спроведе анкета за тоа дали МВР добро ја заврши својата работа.

Со високи 89% од гласови граѓаните ја поддржуваат македонската полиција, што се рефлектира на севкупната доверба во полицијата изминатиов период. Граѓаните беа сведоци дека настанот помина без инциденти, без националистички испади, туку беше воспоставен ред, дисциплина и професионална организираност на полицијата која не дозволи да се наруши највисокото државно ниво и настанот да биде злоупотребен со истакнување на партиски знамиња или националистички симболи од страна на радикалите. Граѓаните препознаа дека МВР е во служба на граѓаните и во одбрана на внатрешната безбедност и на достоинството на граѓаните и државата.