АРСОВСКА : ЌЕ ИЗДРЖАМ ДО КРАЈ НА МАНДАТ, ВО ГРАД СКОПЈЕ ТЕЧЕ ВЕТИНГ

0
628

Според неа, еден од најдобрите начини за справување со корупцијата е трансформирањето во делот на дигитализацијата и сведување на минимум на човечкиот фактор во одлучувањето за клучните процеси за граѓаните.

Во целиот склоп на политичко-урбанистички турбуленции, економско-енергетската криза, заканите и тврдењата дека нема да може да го издржи мандатот до крај, таа вели дека нема да се откаже и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.Од проектите коишто се во тек, градоначалничката како посебно значајно го наведе обезбедувањето на функционален, ефикасен и еколошки јавен превоз, а заедно со тоа и активности насочени кон системско решавање на проблемите поврзани со загадувањето.