ШОКАНТНО: ВО НОВАТА ДОКТРИНА НА ВМРО ДПМНЕ, ДОКУМЕНТ ОД 30 СТРАНИЦИ, НИТУ ЕДНАШ НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ АЛБАНЦИТЕ, ТУРЦИТЕ, РОМИТЕ, БОШЊАЦИТЕ, СРБИТЕ, ВЛАСИТЕ, ТОРБЕШИТЕ

0
1155

Етноцентричниот „патриотизам“ и „македонскиот човек“ во новата „Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ“

Во новата „ДОКТРИНА НА ВМРО-ДПМНЕ“:

– 78 пати се спомнува „Македонија“ (14 пати „Република Македонија“, ниту еднаш уставното име).

– 6 пати се спомнуваат „Македонци“ („залагање за правата на Македонците“, „заштита на правата на Македонците кои живеат надвор од државните граници“, „одбраната на македонскиот идентитет, посебноста, историјата, јазикот, културата, обичаите, традицијата, градени со векови од генерации Македонци“, „Нашата визија е безбедна, диверзитетна и просперитетна македонска нација, обединета преку нашето историско наследство, јазик и култура без оглед на границите на државите во кои Македонците престојуваат или живеат“, „од исклучително значење е и поддршката за изучувањето на македонскиот јазик за Македонците кои живеат надвор од Македонија“, „Како и во минатото, и денес се заложуваме за поврзување на Македонците од дијаспората со татковината“)

– 8 пати се спомнува „македонскиот народ“ (“постоењето на слободна држава Македонија е основен услов за опстанок на македонскиот народ и негов севкупен напредок“; „Почитувајќи ги документите на револуционерните движења на македонскиот народ во минатото“; „Применувајќи ги принципите кои стојат во името на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), кое ја изразува вековната традиција и континуитетот на идеолошката и политичка борба на македонскиот народ за национална држава…“; „почитување на сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет“; „Секој обид за отворање дискусија, на билатерален или мултилатерален план, околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, по автоматизам води кон проблематизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи“; „заштита на достоинството и културното наследство на македонскиот народ и на етничките заедници во рамките на Република Македонија“; „Клучни приоритети за ВМРО-ДПМНЕ во културата се: зачувување и зацврстување на културниот идентитет како на македонскиот народ, така и на културниот идентитет на етничките заедници во Македонија“)

– 16 пати се спомнува „македонска“ (повеќе пати „македонска држава“, „македонска економија“, „македонската самобитност и единственост“, „македонската заедница“, „македонската дијаспора“, „македонска нација“, „Внатрешна македонска револуционерна организација“).

– 8 пати се спомнува македонско („борбата за македонско национално единство“, „македонското општество“, „македонското богато културно наследство“, „македонското малцинство во државите од соседството“)

– Уште 36 пати се спомнува „македонски“ („македонските државни и национални интереси“, „иднината на македонскиот човек“, „почит кон традиционалните македонски културни вредности и афирмација на македонскиот културен код во светот“, „заштита на македонскиот идентитет, кој го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции…“, „градење на македонскиот културен простор базиран на етничка, јазична, политичка или географска припадност кон Македонија…“, „македонските општествени, хуманистички и културолошки науки“, „грижа за македонскиот јазик“, „македонски јазик и култура“, „македонските граѓани“, „македонскиот Устав“, „македонските студенти“, „македонските вредности“, „македонскиот модел на соживот“, „македонски еквилибриум“, „македонскиот модел на живеење со разлики“, „македонски манифест за просперитетна Македонија“, „македонскиот политички систем“, „македонските ученици, студенти, професори и научници“, „македонските градови и планини“, и „македонскиот национален идентитет“, „одбраната на македонскиот идентитет, посебноста, историјата, јазикот, културата, обичаите, традицијата, градени со векови од генерации Македонци.“)

– Изразот „македонски човек“ се среќава 3 пати („Богата, развиена и силна Македонија е иднината на македонскиот човек“; „за подобра иднина на македонскиот човек се вкрстуваат сите наши надежи, перспективи, активности и можности“; „забрзана интеграција на државата во Европската унија, со почитување на потребите, правата, јазикот и идентитетот на македонскиот човек“)
Во новата доктрина на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за „заеднички патриотизам“ – „Заедничкиот патриотизам е кога на секој човек на Македонија – државата ќе му понуди квалитетна иднина“.
И покрај тоа што во доктрината на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за „почитување на сите етнички заедници“, во неа не се споменува ниту една „етничка заедница“ – што е израз на непочитување.
Можен ли е „заеднички патриотизам“ со неспомнување и симболичко игнорирање на сите други делови од народи, „етнички заедници“, и идентитети, освен „македонскиот народ“, „македонскиот идентитет“ и „македонскиот човек“?

Пишува : Жарко Трајановски