Пицопевците на Грујо изгласаа во Собранието тешка артилерија, полицијата да користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби против македонскиот народ!

0
987

Со 59 гласа за и со три против, Собранието, денеска го донесе законот за полиција. Според него, полицијата доби законска основа да користи нови средства за присилба при растурање на насилни протести.

vmro rpatenici

Во иднина полицијата ќе користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби ако протестантите што го нарушиле јавниот ред и мир се оглушат на повикот на полицискиот службеник да се разотидат. Со закон, полицијата досега за воспоставување јавен ред и мир можеше да користи физичка сила, палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња.

Со новите измени и дополнувања на Законот, полицијата при постапување со граѓани ќе може да врши видеонадзор. Овие снимки полицијата ќе ги користи во случај граѓани да се жалат за незаконско постапување на полицијата.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=E3d2xPAZcy4[/youtube]