МИЦКОСКИ : ЖАЛНО Е КАКО СДСМ ГИ МОЛАТ ДУИ ЗАЕДНИЧКИ ДА НАСТАПАТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА ГО УБЛАЖАТ ПОРАЗОТ

0
336

Жално е да се гледа на какви ниски гранки падна СДСМ и се доведе себе си под својот минимум што го покажуваат и анкетите. Си ја руинираа партијата поради недоследните политики. Уште пожално е како ги молат од ДУИ да коалицираат со СДСМ само да го ублажат својот пораз. Практично се сведоа на тоа ДУИ да е спасителот на СДСМ и се крстат во нив, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Прес24.

Мицкоски истакна дека ДУИ во носењето на оваа одлука треба да мисли на својата иднина и ако се доследни тогаш треба да се стави крај на непринципиелните коалиции.

– Што се однесува називот европски фронт, би рекол дека најголеми непријатели на европската идеја се токму СДСМ и ДУИ. Кој од народот ќе поверува во тоа дека истиве се европејци, а приватно договараат тендери и како тапкароши крадат од најмалите службеници до најголемите директори. Навистина е европејски што дури и оглас за дрвосечачи на Македонски шуми го местат па бараат Албанци за ова работно место во Кавадарци и Паланка, рече тој.

Мицкоски нагласи дека  од авион се гледа што прават, или вистински европејски вредности се тоа што при огромен скандал со цитостатици на Онкологија, нема ниту официјална истрага, не пак обвинение.

– Или тоа што претседателката на Врховен сакаат да ја разрешат затоа што не послуша насока од власта. Тоа се тие критериуми кои се се друго, само не европејски вредности, изјави Мицкоски.

Тој воедно додаде дека ДУИ не го плаши, туку ДУИ мора да оди во опозиција.

Замислете оваа партија е над дваесет години дел од власта. Таа е дел од сите подеми и падови. Нереформирана збирштина од луѓе кои се прикажуваат за заштитници на кауза, а впрочем се крадци кои се занимаваат со тендери и провизии. Е сега поради слабоста на СДСМ тие од техничката влада направија мегдан за пазарење и избоксуваа технички премиер. Е токму поради тоа се боревме и предлагавме укинување на техничката влада, рече Мицкоски.