МИЦКОСКИ : ИСКУСТВОТО ПОКАЖУВА ДЕКА ТЕХНИЧКИТЕ ВЛАДИ СЕ СЛАБИ И ПРЕПОЛНИ СО КОЧЕЊА И КОНФЛИКТИ, ВИСТИНСКАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ПРОМЕНИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПО ИЗБОРИТЕ И ФОРМИРАЊЕ НА СТАБИЛНА ВЛАДА

0
257

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Прес24 истакна дека досегашното искуство во земјава покажа дека техничките влади се слаби и преполни со кочења и конфликти, како и дека вистинска енергија за промени ќе има после изборите откако ќе има промени и формирање на стабилна влада.

– После Водици ќе имаме целосна слика за претстојниот состав. Не се брзаме на тој план. ВМРО-ДПМНЕ има голем број на кадри кои можат да одговорат на позициите кои се бараат. Што се однесува до перформансите на техничката влада, сметам дека тие влади досега се покажаа како слаби исполнети со конфликти и бројни кочења, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека не се памети прогресивна политика спроведена од тој период.

– Она што се памети се препирки. Кочења. Поништени одлуки. И затоа тоа е загубено време за државата. Затоа и предлагав да се укине техничката влада. Сметам дека целите перформанси и вистинската енергија на промените ќе се покаже по смена на власта и формирањето на легитимна и стабилна влада, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради слабоста на СДС, ДУИ од техничката влада прави мегдан за пазарење.

ДУИ никако не ме плаши, ДУИ мора да оди во опозиција. Замислете оваа партија е над дваесет години дел од власта. Таа е дел од сите подеми и падови. Нереформирана збирштина од луѓе кои се прикажуваат за заштитници на кауза, а впрочем се крадци кои се занимаваат со тендери и провизии. Е сега поради слабоста на СДСМ тие од техничката влада направија мегдан за пазарење и избоксуваа технички премиер. Е токму поради тоа се боревме и предлагавме укинување на техничката влада, истакна Мицкоски.