(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп може и подобро, Прилеп може да има и преполни улици, Победа може повторно да игра во Европа, ИЗБОРИ СЕ ИЗЛЕЗИ И ГЛАСАЈ!

0
1570
Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска одржа перформанс во центарот на Прилеп.
Настанот вклучуваше озвучен брендиран камион, од кој се емитуваа аудио пораките на акцијата, а перформансот беше засилен со банери, знамиња и приотехнички средства кои го привлекоа вниманието на прилепчани.
Над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптеретени граѓаните на Прилеп и на Македонија. Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со повеќе случаи на смртност на родилки, како и потреба од лекарски кадар и опрема во сите здравствени установи. Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата кои што владеат во Прилеп, се приоритетните проблеми за кои прилепчани бараат промени.
probuvam-9-of-26 probuvam-10-of-26 probuvam-11-of-26 probuvam-12-of-26 probuvam-13-of-26 probuvam-14-of-26 probuvam-15-of-26 probuvam-16-of-26 probuvam-17-of-26 probuvam-18-of-26 probuvam-19-of-26 probuvam-20-of-26 probuvam-21-of-26 probuvam-22-of-26 probuvam-23-of-26 probuvam-24-of-26 probuvam-25-of-26 probuvam-26-of-26 probuvam-1-of-26 probuvam-2-of-26 probuvam-3-of-26 probuvam-4-of-26 probuvam-5-of-26 probuvam-6-of-26 probuvam-7-of-26 probuvam-8-of-26
Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.
 
Со почит,
 
Граѓанска акција „Ние одлучуваме!“