РЕАКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ НА РЕАКЦИЈАТА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ

0
280
Почитувани,

Реакцијата на Министерството за транспорт и врски уште еднаш докажува дека во Македонија ниту владее, ниту пак има изгледи правото да завладее во догледна иднина.

Благој Бочварски, поставен за министер за транспорт и врски во владата на Зоран Заев со денешната реакција дополнително го потврди сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров со кој се предвидува изградба на преку 50 станбени згради со површина од 240.000м2 и три индустриски деловни објекти од хемиската индустрија на површина од 157.000м2 се кријат коруптивни и криминални интереси.
Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје МОРА односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог ДУП од страна на град Скопје.
Дополнително, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во град Скопје, министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?
Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став еден децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред министерството да ја даде својата согласност?

Бочварски исто така треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин?На крајот, одговорност мора да има.

Градот Скопје нема да дозволи ваков нелегален план да стане реалност.

Со почит,Одделение за односи со јавност Град Скопје.