ТАСЕВСКИ ЗА ДУИ : ДНК-ТА Е ТАКВА КАКВА ШТО Е, ЗАТОА ДОБИЈА СЕ ШТО ДОБИЈА, ЗАТОА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА КОАЛИЦИРА СО НИВ

0
493

Политиката е покер, што подразбира многу блефови, скриени адути и многу лажни ветувања и фами. Јас сум против уставни измени и против пуштање на Бугарите во Уставот се додека не престанат заканите и шовинистичките провокации ид Софија. Со самото тоа што Бугарите се против основната темелна вредност на ЕУ дека секој народ има право на самоопределување, а тоа е и воспоставена прака на многу места во светот. Сега пове ме загрижува , повеќе од месец помина а ништо не дознавме за криминалот со Онкологија.

И Черчил велеше, ако сакаш да не решиш ништо, ќе оформиш комисија. Да бевме сериозна држава за скандалот со Онкологија ќе имаше осудени и изнесени пред столбот на срамот и затворски казни. Никој не прашува како преку граница се изнесувале лекови. Ова ми личи на замајување и дефокус од реалните проблеми. Кај нас албанофобијата се користи како алатка да се замолчат сите критики кон најголемата партија на власт и секој атак кон нив, а се на раководни места и со секој таков атак тие си ги мијат рацете со „ако ти правиш нешто, си албанофоб“, тоа е нешто што ќе тлее кај нас и во иднина.

Ако ВМРО-ДПМНЕ опстои на ставот дека нема да коалицира со ДУИ ќе бидат изложени на страшни притисоци, но ќе добијат многу поени кај Македонците. Не можеш да обвиниш еден народ дека е националистички и против Албанците а меѓу време си направил милион и петсто показни вежби дека ти си шовинист, да почнат од 2001 што се случуваше со веење знамиња со картата на голема Албанија, со секоја почит што ја имам кон Албанскиот народ. Мора да признаеме како стојат работите. ДНК-та е таков каков што е, затоа добија се што добија рече Сашо Тасевски во Само Вистина.