ВМРО ДПМНЕ : ОПШТИНИТЕ НА СДС НЕМААТ СРАБОТЕНО НИТУ ПОЛОВИНА ОД ТОА КОЕ ШТО Е СРАБОТЕНО ВО ГАЗИ БАБА – ЗАТОА МОРААТ СВОЈАТА НЕСПОСОБНОСТ ДА ЈА ПОКРИВААТ СО ЛАГИ

0
299

СДС се крајно очајни. Својата неспособност на централната власт, но и општините кои ги раководат, сакаат да ја покријат со лаги и манипулации обвинувајќи ги локалните власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ.Но народот тоа го гледа и може да направи разлика помеѓу работењето на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и неспособноста и опструкциите на централната власт предводени од ДУИ и СДС.Кога се работи за општина Гази Баба, СДС направиле огромна грешка, бидејќи ветени, а нереализирани проекти може да најдат во програмата на нивниот градоначалник Борис Георгиевски во периодот 2017-2021.

Борис Георгиевски ветуваше изградбата на истите четири детски градинки за по четири години од мандатот во општината нема оставено ниту урбанистичко – планска документација, односно со прст не мрднал да се изградат истите.Спротивно на тоа, денес е завршена подготовката на урбанистичко – планската документација и за кратко од денес ќе започне со изградба на нови детски градинки во Трубарево и Инџиково. Дополнително Каевски нека ја праша министерката Тренчевска зошто ја кочи изградбата на градинката во Маџари/Керамидница и не ја става во програмата за 2024 година иако за истата е поднесена апликација и обезбедени се финансиски средства за партиципација на локалната власт во изградбата.

СДС да излезат на терен низ населените места во Гази Баба и ќе можат да го видат изградениот спортски центар „Иван Илиев“ во Стајковци, како и 18 изградени спортски терени на најсовремена тартан подлога и 3 спортски терени на подлога од вештачка трева. Во овој момент во тек е тендерската постапка за избор на економски оператор кој ќе го изгради и спортскиот центар во Хиподром.
Исто така лага е дека општината е задолжена. Тоа е веројатно потсвесна реакција на СДС за работењето на централната власт и енормниот долг кој тие го направија, а од кој нема никаков видлив резултат.

Започната постапка за распишување на општинската обврзница за брз развој која Владата на СДС незаконски ја кочи, а со која ќе беа обезбедени финансиски средства за решавање на децениските проблеми на граѓаните.Што се однесува до клучките на булеварот „Александар Македонски“ истите се во надлежност на Градот Скопје, а ова говори за тоа дека СДС има елементарно непознавање на надлежностите на Единиците на локалната самоуправа.

Кога сакаат да говорат за капитални инвестиции, СДС нека погледнат дека во изминатите две години изградени се 21 километар нова мрежа на фекална канализација во повеќе населени места, а решен е и проблемот со водоснабдувањето на дел од населените места во Гази Баба со што нема повеќе населено место без питка вода за пиење, изградена е училишна сала во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, а започна изградба на нова во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани. Изграден е нов дневен центар за лица со попреченост во Железара, изградени се локални улици на површина од 26.000 квадратни, а 6.800 ученици за прв пат добија бесплатна училишна униформа од Општината.

Резултатите во општина Гази Баба се видливи и СДС со тоа не можат да се помират. Нервозни се бидејќи нивните градоначалниците не можат да се пофалат ни со половина од тоа што општина Гази Баба го има сработено за овие две години. Тоа е една од причините поради која ќе изгубат и после промената на централната власт, во општина Гази Баба како и во сите други општини во Македонија, ќе има уште многу повеќе проекти и резултати, какви што СДС може само да сонуваат.