ТАСЕВА РЕШЕНА ДА ГО НОСИ ФЕНИ ВО СТЕЧАЈ, ПА МАЈКА ЈАНА НЕКА Е!

0
1204

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци и ги повикува сите институции во државата вклучително Судскиот совет, Финансиската полиција, Јавното обвинителство да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости во постапката.

Директорката на Транспаренси Интернешнел Македонија Слаѓана Тасева на денешната прес-конференција рече дека станува збор за проблем што е многу поголем од Скопје 2014 и по обем и пари и по штета за Република Македонија.

– Затоа укажуваме денеска да се обрне внимание, затоа што утре ќе биде доцна, рече Тасева.

Тасева го повика стечајниот судија Валентина Ѓеоргиевска да постапи според Законот за стечај и да го отфрли планот за реорганизација на стечајниот должник Фени индустри АД Кавадарци како ненавремен укажувајќи на суштински повреди.

– Транспаренси Интернешнл Македонија смета дека стечајниот судија морал да донесе решение за отфрлање на планот како ненавремен и постапката да ја продолжи согласно законот, рече Тасева.

На новинарско прашање зошто застапува интереси на компанија која претходно е прогласена за коруптивна, Тасева одговори дека тие само постапуваат по претставка и тоа не значи дека застапуваат било чии интереси.

– Ние работиме само објективно и врз основа на факти и дали таа претставка ќе покаже едно или друго се уште не знаеме, затоа што во тек е проверката, рече Тасева.

Посочи дека Транспаренси Интернешнел Македонија го гледа интересот на Република Македонија и тоа е дека некој денеска прави криминал со оваа стечајна постапка.

– Очекувам, ако вака остане состојбата, дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Република Македонија ќе го изгуби Фени, рече Тасева.

Прашана за посочувањата од вицепремиерот Кочо Анѓушев повеќе да работат на тоа како дошло до оваа стечајна постапка, Тасева рече дека постапувањето на тоа што било претходно е работа на институциите што ги контролираат оние кои денеска се на власт.

– Нека работат институциите да видат што било вчера. Нашата работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на ниту една влада, ама тоа е нашата работа и ќе продолжиме да го правиме. Наше е и денеска да не се краде, рече Тасева.

Посочи дека сите овие документи ќе ги достават до институциите.

Непосредно пред пресот на Транспаренси интернешенел синдикалниот одбор на ФЕНИ Индустри упати отворено писмо до претставничката на Транспаренски интернешнал – Скопје, Слаѓана Тасева, да се откаже од застапување на интересите на Кунико Ресурсис и од ревизија на стечајната постапка бидејќи сега тие земаат редовно плата во комбинатот и дека „не им е потребна нејзината помош“.

Запрашана зошто не води истрага за тоа како „Фени“ дојде до стечај, земајќи во предвид дека токму виновникот за стечај е токму Кунико Рисорсис, изјавува дека тоа не е нејзина работа. Сметаме дека не доликува на компанија со репутација како вашата да води јавни битки во интерес на компанијата во сопственост на лица со крајно сомнителен бекграунд – велат тие во писмото.

„Загрижени сме од информациите дека токму госпоѓата Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката“, додаваат од таму.