АКТИВИСТКА ОД СТРУМИЦА ОСУДЕНА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИНТЕРИ ПРИ ЗАЛОВУВАЊЕ НА ДВЕ КУЧИЊА, ЗА АНИМА МУНДИ ТОА Е ПРЕСЕДАН

0
591

Здружението за заштита на животните Анима Мунди реагира на пресудата на Основниот суд во Струмица со која на условна и парична казна е осудена активистка од здружението „Анимал Лаверс“ од овој град која реагирала во моментот кога две лица од струмички стационар ЈП Лана се обидувале да заловат две бездомни кучиња. Тие реагираат дека Судот не ги зел во предвид нивните докази, тврдејќи дека во критичниот момент стационарот немал дозвола за работа со кучиња.

– Сакаме да ја известиме јавноста за невиден преседан врз активист, волонтер која во низа  години дур општината Струмица воопшто на никаков начин не ги третираше бездомните кучиња згрижуваше, помагаше и вдомуваше кучиња од улица. Шокирани од третманот на градоначалникот Костадин Костадинов, да посегне со тужба кон општествено одговорна, емпатична девојка без трошка срам и почит што благодарение на неа бројот на бездомните кучиња во неговата општина е намален. Апсурд, срам за Основниот суд во Струмица што и покрај сите приложени докази, факти дека ЈП Лана незаконски постапувале без дозвола за работа, со нерегистрирано возило и никакви обележја и истото за секој со здрав разум би ја оправдало реакцијата на граѓанин но е повеќе од очигледно дека за судијата е попречување на службена должност своевремено незаконска, реагира Анима Мунди и ја доставувајќи ја и пресудата од струмичкиот суд.

Активистката Љубица Гунчева е осудена на тримесечна условна казна и парична од околу 24 илјади денари, на име на судски трошоци и оштета за едно од лицата кое учествувало во заловувањето на кучињата во Струмица.

-НАМЕСТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ДА ОДГОВАРА ШТО ИЗДАЛ НАЛОГ ЗА РАБОТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ ШТО НЕ СМЕЕЛО ДА РАБОТИ, НАМЕСТО ЈП ЛАНА ДА ОДГОВАРА ШТО ПОСТАПИЛА ПРЕКРШУВАЈЌИ НИЗА ЗАКОНИ БИДЕЈЌИ НЕМАЛА ДОЗВОЛА ВО НИЕДЕН СЕГМЕНТ, ПРЕСУДЕНА И Е КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ НА АКТИВИСТКАТА СО 3 МЕСЕЦИ ЗАТВОР И АЛТЕРНАТИВНО 1 ГОДИНА УСЛОВНО, РЕАГИРА АНИМА МУНДИ. 

Гунчева на својот Фејбук профил го објави и видеото кое го снимила критичниот ден – 17. 10.2022 година на кое се гледа дека само вербално реагира на заловувањето, но не ги напаѓа лицата кои во тој момент вршеле заловување, време кога стационарот од АХВ имал забрана за работење се додека не добијат дозвола и налог да ги ослободат кучињата кои се во стационарот, но овие аргументи судот не ги зел во предвид во текот на судската постапка и сепак ја прогласил активистката за виновна за кривично дело „спречување на службено лица во вршење на службено дејствие“, во  јавно претпријатие, за кое таа тврди дека се уште немало дозвола за работа.

– ВО ПРЕСУДАТА Е НАВЕДЕНО ДЕКА СУДОТ СО ОСОБЕНА ВАЖНОСТ ЈА ЦЕНИ ИЗЈАВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, НО КАКО ОЛЕСНИТЕЛНА ОКОЛНОСТ ЗА МЕНЕ ГО ЗЕМА ФАКТОТ ДЕКА СУМ БИЛА ДОЛГОГОДИШЕН АКТИВИСТ. И ТАКА, ЕДЕН КУП МАЖИ, ОД ЗАЛОВУВАЧИ, ДО СУДИЈА И ГРАДОНАЧАЛНИК, ОДЛУЧИЈА ДЕКА ЈАС – ЖЕНАТА КОЈА СО ГОДИНИ ИМ ЈА РАБОТИ НИВНАТА РАБОТА ТРЕБА ДА ОДГОВАРАМ КРИВИЧНО ЗА ТОА ШТО ТИЕ ПОСТАПУВАЛЕ НЕЗАКОНСКИ, НАПИША ГУНЧЕВА ПОКРАЈ ВИДЕОТО ОД ЗАЛОВУВАЊЕТО.

Според диспозитивот на пресудата лицата дале изјава и материјални докази дека критичниот ден вршеле службено дејствие, односно добиле „налог од стационарот Лана да ги заловат уличните кучиња кои ја загрозувале сигурноста на луѓето“. Судот прифатил дека „имале право и должност да постапуваат согласно законот за благосостојба на животните и согласно одлука на Советот на Општина Струмица за формирање на такво претпријатие“, а Општината како доказ дека работеле официјално доставил решение од Централен регистар со кое се потврдува дека ЈП Лана е основан на 21 јануари 2022, односно 9 месеци пред случениот настан.

Оштетениот во судот поднел и лекарски извештај од струмичката болница како доказ дека се здобил со „телесни повреди кога активистката го спречувала во вршењето на дејствието“ што се однесува на каснување од заловеното куче со кое се здобил додека се расправал со активистката, а видеото од надзорните камери покажало дека таа не ги нападнала присутните шинтер и ветеринарен техничар.

Возилата кои ги користел стационарот се регистрирани во СВР струмица ден по настанот за кој е осудена струмичката активистка, а двете улични кучиња за чие заловување таа реагирала, воопшто не биле пријавени како агресивни, туку за нив е констатирано дека само „лаеле и предизвикувале вознемиреност кај граѓаните“.

За случајот таа  во МВР своевремено поднела и пријава поритв непознати лица за кривично дело „мачење на животни“