МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОВСКИ СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕДВИДУВА ПЕКОЛЕН АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН ДО 35 СТЕПЕНИ

0
968

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните предели ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд, ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, особено попладне. Ќе дува умерен ветер од западен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 27 степени. Потоа во следните денови нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Локално и повремено ќе има нешто повеќе облачност, а ќе дува и ветер од јужен и од југозападен правец, истиот повремено ќе биде засилен по интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели од државава до крајот на неделава се очекуваат температури и до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува некаде од 8 до 10.

Подготви: Славчо Попоски